Јавното претпријатие ХС "Лисиче" од Велес сака да стопанисува со езерото Младост кај Велес. Раководниот тим веќе ја подготви комплетната документација и наскоро ќе ја достави до Владата, која по трансформацијата на некогашниот агрокомбинат Лозар" стана целосен сопственик на езерото. Во образложението на барањето се вели дека целта Лисиче" да стопанисува е да го спаси езерото од неконтролираното празнење на водата од страна на сопствениците на над 700 хектари лозови насади, особено во летниот период. Новите газди на лозовите насади не само што никому не плаќаат за користењето на огромните количества вода, туку неколку години по ред нивото на езерото го оставаат под дозволениот минимум. Со ова загрозена е и флората и фауната на езерото кое во последниве години стана се попримамливо место за одмор, како на домашните, така и на странските туристи.
Јавното претпријатие ХС "Лисиче" од Велес сака да стопанисува со езерото Младост кај Велес. Раководниот тим веќе ја подготви комплетната документација и наскоро ќе ја достави до Владата, која по трансформацијата на некогашниот агрокомбинат Лозар" стана целосен сопственик на езерото.
Во образложението на барањето се вели дека целта Лисиче" да стопанисува е да го спаси езерото од неконтролираното празнење на водата од страна на сопствениците на над 700 хектари лозови насади, особено во летниот период.
- Новите газди на лозовите насади не само што никому не плаќаат за користењето на огромните количества вода, туку неколку години по ред нивото на езерото го оставаат под дозволениот минимум. Со ова загрозена е и флората и фауната на езерото кое во последниве години стана се попримамливо место за одмор, како на домашните, така и на странските туристи - вели Ацо Петров, директор на ЈП "Лисиче".
Компанијата Г-6, која има најголем дел од лозовите насади и која во сопственост ја има и пумпата за црпење на вода од езерото, не само што обезбедуваше вода за своите, туку вода им даваше и на другите сопственици на лозовите насади.
Во барањето стои дека ЈП со средства од Владата е во тек на реализација на изградба на цевковод за полнење на езерото Младост со чиста планинска вода од браната на хидросистемот на реката Тополка кај селото Лисиче.
Досега од потребните осум поставен е цевковод на околу два километри. Со овој зафат трајно ќе се реши проблемот со полнењето со вода на езерото. Во тек е изготвување на проект за изградба на систем за наводнување за околу 1.600 хектари плодно земјиште во околината на езерото и селата Сујаклари, Отовица, Иванковци, Комарино и Ново Село.